Со драматична победа над Данило Медведев во финалето на Австралија Опен, Рафаел Надал ги надмина Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер по бројот на грен слем титули (21). За време на турнирот многумина го забележаа часовникот на Надал на десната рака. Шпанскиот тенисер е ексклузивен застапник на брендот Ричард Мил од 2010 година. Во Австралија Надал носел часовник кој чинел над милион долари.
Моделот RM27-04 во продавницата Ричард Мил може да се купи за милион и педесет илјади долари. Има само 50 примероци од тој часовник. Часовникот тежи 30 грама, вклучувајќи го и ременот, а на раката на играчот делува како да не постои. „На почетокот тоа беше прилагодување, моравме често да соработуваме за да го прилагодиме часовникот на мојот зглоб. Сега тој стана дел од мојата кожа, како да немаш ништо на себе“, изјави Надал.