До вчера анонимна а денес многу позната Данае Мари стана популарна низ целиот свет откако одлучи јавно да ги покаже градите за време на Суперкрос натпревар во средината на јануари.
Мари испи малку повеќе, па реши да покаже што има на трибините.
Откако го направила тоа, жената која била во публиката решила да се расправа бидејќи во публиката имало и деца.
Таа вербално ја нападнала Данае, а тоа го налутило машкиот дел од публиката и почнале да фрлаат чаши со пиво кон бесната жена.
Данае, пак, не памети што се случи тој ден на трибините. Таа испи премногу.
“За мене започна како секоја обична ноќ. Излегов да се забавувам и немам поим што се случува. Кога се разбудив беше лудило”, изјави таа за Daily Star.
Таа истакнува и дека не видела ниту едно дете во публиката, а ваквото однесување на трибините значело крај на 11-годишната врска со нејзиното момче.
„Искрено, немам видено ниту едно дете. Ова го направив поради момците на трибините, сакав добро да се забавувам.
“Мојот дечко веројатно се засрами. Беше разочаран и за него ова беше премногу. Ќе ја искористам оваа популарност за да се обидам да заработам пари. Чувствувам дека ова е одлична можност”, рекла Данае Мари.