Хрватската ватерполо репрезентација е во финалето на Еврото кое се игра во Сплит. Во феноменалното полуфинале Хрватска го совлада актуелниот светски вицешампион Италија со 11:10 и со тоа се пласираше во финалето со Унгарија кое ќе се игра в сабота. Италија и Шпанија ќе играат за бронзата.
Хрватска заостануваше само на почетокот од натпреварот, Италијанците водеа со 1:0 и 2:1, а со голот на Мариниќ Крагиќ на минута пред крајот на првата четвртина поведоа со 3:2. Голманот Марко Бијач се истакна со две одлични одбрани на крајот од првото полувреме.
Хрватска по четврти пат ќе игра во финалето на европскиот шампионат, единствената претходна титула ја освои во 2010 година на домашен терен во Загреб.
Во финалето в сабота Хрватска ќе игра против Унгарија која во второто полуфинале ја совлада Шпанија со 10:8.