Одбојкарите на Полска со победата над Соединетите Американски Држави се пласираа во финалето на Светското првенство на кое се домаќини.
Тимот предводен од Никола Грбиќ победи во пет сета со резултат 3:2 (25:20, 27:25, 21:25, 22:25, 15:12).
Ова беше веројатно најдобриот натпревар на првенството, бидејќи гледавме одбојка со многу убави потези, атракции и поени за уживање на љубителите на играта преку мрежата.
Полска беше доминантна во првиот и вториот сет, иако го доби во неизвесна завршница со 27:25.
Но, се се промени во следните два, бидејќи Американците одиграа неверојатно во одбраната, но и го зголемија процентот на напади, што резултираше со влез во петтиот сет.
Во решавачкиот сет, помогната од поддршката од трибините, Полска успеа да се врати и пред се благодарение на одличните сервиси и блокади успеа да го добие мечот.
Во полуфиналето Полјаците ќе играат против Бразил, додека другата двојка ќе ја сочинуваат Словенија и Италија.