Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе имаше уште еден одличен настап на Европскиот шампионат на ридски патеки и го освои второто место на трката во Полска.

Стефановски на трката во Полска во драматичен финиш остана без победата за само 0,10 секунди.

„Понекогаш од поразот се учи повеќе отколку од победата“, објави Иџе по трката.