Чешката биатлонка Маркета Давидова ја однесе победата на првата сезонска трка за биатлонки. Таа славеше на 15 километри во Естерсунд во Шведска .
Маркета Давидова убедливо славеше во нејзината омилена дисциплина на 15 километри. Актуелната светска шампионка победи на првата трка сезонава во Естерсунд во таа дисциплина со минута и 18 секунди предност.
Давидова беше многу прецизна, немаше ниту едно промашување и тоа и помогна на патот до победата, но не само тоа, таа едноставно беше најбрза на патеката и не дозволуваше приближување.
Свое место на подиумот најдоа и Австријката Лиза Тереза Хаузер и Германката Дениз Херман, и двете имаа по едно промашување.