Финецот Нисканен славеше на 15 километри
Финецот Иво Нисканен е победник на првата трка оваа сезона во скијачко трчање класичен стил. Победата ја однесе пред руското дуо Червоткин, Болшунов .
Финска Рука е местото каде што стартуваше новата нордиска сезона, па денеска беше закажана трката на 15 километри.
Домашниот натпреварувач, актуелниот олимписки победник на 50 километри, Иво Нисканен ја забележа првата победа сезонава.
На подиумот се пласираа и Русите Алексеј Червоткин и Александар Болшунов, а Болшунов во последниот спринт беше побрз од Норвежанецот Ерик Валнес.
Инаку, дури пет Руси и четворица Норвежани се најдоа во првите десет, а победата ја однесе Финецот.