Македонија во плејофот за пласман на мундијалот во Катар ќе игра со Италија, одреден е терминот на мечот кој ќе го играме на гости.
Бидејќи „аѕурите“ беа во групата на носители, тие се домќини на 24 март, а терминот е 20:45 часот. Се уште не е познато каде ќе се одигра средбата, допрва Италија ќе го одбере градот домаќин, но нојверојатно тоа ќе биде Олимпискиот стадион во Рим.
Последниот натпревар кој Македонија го одигра со Италија заврши нерешено 1:1 а го одигравме во Торино како дел од квалификациите за Светското првенство во Русија.
Тогаш стрелец за Италија беше Кјелини, а бод за Македонија донесе Александар Трајковски.