Головите на двете страни беа постигнати на идентичен начин од пенал. Јувентус прв дојде до предност во 15. минута кога сигурен реализатор на најстрогата казна беше Душан Влаховиќ.
https://twitter.com/i/status/1842901011419033604
Во најголем дел од натпреварот Јувентус доминираше и создаде повеќе прилики, а кога не ги искористи стигна казната.
Идентично како и во првото полувреме пред крајот во 88. минута по прегледување на ВАР, Маринели покажа на белата точка од каде Марин го совлада Ди Грегорио.
До крајот „старата дама“ остана и со играч помалку откако Консесисао заработи втор жолт картон. По ова реми Јувентус е на третата позиција во Серија А со 13 бода колку што има и Удинезе, Наполи е лидер со 16, а втор Интер со 14.