Уште еден Македонец можно е да заигра вои шкотскиот шампионат– Трапановски од Шкупи блиску е до дресот на Данди Јунајтед
Тој би им се приклучил на Бојан Миовски, кој веќе стана ѕвезда на Абердин и на Давор Здравковски, кој го носи дресот на Мадервил. Македонецот е желба на менаџерот на Данди, Џим Гудвин, човекот кој беше најзаслужен за трансферот на Миовски во Абердин, со оглед што тогаш седеше на клупата на овој тим.
Трапановски би дошол како слободен фудбалер со оглед што веќе му заврши договорот со Шкупи, за кој настапуваше туку што завршената сезона. Претходно настапуваше за Брера, чешките тимови Славија Прага и Викторија Жижков како и за словачки Татран Прешов.