Наводно, напаѓачот на Лајпциг се согласил на трансфер на Емирејтс за 56 милиони евра и тој ќе биде новиот адут на „топчиите“ во обидот да ја освои првата шампионска титула по 2004 година. За Шешко беа заинтересирани и Манчестер Јунајтед и Челз, но тој одлучи да се пресели во тимот на Арсенал кој напредува од сезона во сезона, а има и млад состав во кој високиот напаѓач би можел да се снајде.
Во дресот на Лајпциг, словенечкиот џин, Шешко последната сезона ја заврши со 14 гола и две асистенции на 31 натпревар во Бундеслигата.