Голгетерот на Реал МадридКарим Бензема има понуда од Саудиска Арабија и сериозно размислува да ги напушти „кралевите“. Сите услови што му ги нудат Саудијците се познати, а вистинското прашање е како да се одбие навистина нереалната понуда.

Наводно, напаѓачот доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Фудбалерот на Реал е еден од низата играчи кои оваа земја ги посакува и за кои ги поместуваат границите на она што е нормално во фудбалот. Познати се сите детали од договорот кој му е понуден на 35-годишниот Французин. Тие изгледаат навистина нереално и дефинитивно е тешко да се одбие. Карим Бензема може да избере за кој тим ќе настапува. Тој би добил договор од 200 милиони евра за две години, како и бројни други поволности.

Сите пари од спонзорските договори, продажбата на дресови ќе му одат во џеб, а тој ќе може да избере куќа и место каде ќе живее. Сè би имал апсолутно бесплатно заедно со многу други луксузи. Наводно, Арапите се согласиле на апсолутно сè што побарал Карим. Без размислување кажаа „ДА“ и сега се чека неговата конечна одлука.

Францускиот фудбалер сè уште размислува. Воопшто не е лесно да се донесе одлука кога се во прашање ваквите бројки, но, според шпанските медиуми, тој е многу заинтересиран бидејќи толку пари не се одбиваат.

Карим Бензема стана „крал“ во 2009 година. Во изминатите 14 години освои апсолутно сè што можеше со Реал и во овој тим стана најдобриот фудбалер на светот. Бензема настапи на вкупно 647 натпревари и постигна 353 гола во дресот на кралскиот клуб. Вкупно освои 24 трофеи.