Сенегал, кој има голем број играчи заразени со коронавирус, одигра 0-0 со Гвинеја во второто коло од групата Б на Африканскиот куп на нации, но обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето. Двете западноафрикански селекции го делат првото место во групата Б со четири бода и иста гол разлика (+1), откако и двете славеа на првиот натпревар во понеделникот.
Првите две селекции од секоја група, плус четирите најдобри третопласирани селекции се во нокаут фазата на натпреварувањето, па се очекува четири бода да бидат доволни за пласман во 16. Малави и Зимбабве, кои загубија во првите натпревари во понеделникот го играат својот втор натпревар во групата Б. Според обложувалниците, Сенегал е прв фаворит на турнирот.