Џуд Белингем му донесе победа на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, со гол во 94-та минута од дуелот против германскиот Унион Берлин со 1-0, а Галатасарај со триминутен блицкриг се спаси од пораз во Истанбул во ремито, 2-2 против Копенхаген.
„Кралскиот клуб“ дојде до победа во 17-от последователен старт во ЛШ, но добро се измачи за три бода кога Белингем ја погоди мрежата по еден карамбол во шеснаесетникот во судиското надополнување, и донесе триумф во натпревар на кој мадридскиот великан не блескаше, но имаше две стативи и уште неколку можности, во многу подоброто второ полувреме.
Унион Берлин одлично се бранеше но не издржа на крајот за успешно да ја отвори сезоната во ЛШ, па им пресуди само еден мал пад на концентрацијата.
Галатасарај во триминутен блиц-криг од 85-та до 88-та минута даде два гола и се спаси од пораз на домашен терен против Дански Копенхаген, кој имаше големи 2-0 до пред самиот финиш од мечот, но успеа сѐ да прокоцка.
Бој и Тете беа стрелци за Галатасарај, откако Ел Јунуси во првиот, а Гонкалвеш во вториот дел донесоа огромна предност за Копенхаген.