Виктор Линделоф, стоперот на Манчестер Јунајтед нема да игра против Вест Хем во сабота.
Швеѓанецот беше ограбен додека играше за Јунајтед во средата на гостувањето кај Брентфорд.
Неговата сопруга и двете деца биле сами во куќата и се заклучиле во една соба пред крадците да влезат во станот барајќи вредни предмети.
Истата вечер, Линделоф дознал што се случило и побарал од менаџерот Ралф Рангник да отпатува во Шведска со сопругата и децата на неколку дена за да се опорави од трауматичниот настан, што му било одобрено.
Тоа практично значи дека тој нема да биде во тимот за мечот со „чеканите“ на Олд Трафорд.
„Виктор ми кажа што се случило, не сака да се раздели од сопругата и децата, што целосно го разбирам бидејќи сум татко на две деца. Се договоривме да не тренира во текот на денот и да не биде во тимот во сабота“, изјави менаџерот Јунајтед Ралф Рангник.
Сосема е сигурно дека неговото место во тимот ќе го заземе Хари Мегваер, кој претходниот меч го започна како резерва.
Се почести се упадите на крадци во становите на прволигашите.
Во декември крадци влегле во станот на дефанзивецот на Манчестер Сити, Жоао Кансело.
Тој бил нападнат пред очите на сопругата и децата и му го одзеле целиот накит.