Оваа недела Италијанската фудбалска асоцијација ќе одлучи каде ќе се одржи бараж натпреварот на 24 март меѓу Италија и Македонија.
Стадионот на Јувентус дефинитивно отпадна од комбинација поради новиот финансиски скандал што деновиве го тресе тимот од Торино, па останаа три градови како опција за домаќини.
Како што објави The Republic, тоа е Олимпико од Рим, Ренато Дал’Ара од Болоња и Барбера од Палермо.
Првото сценарио е на Олимпико во Рим. Стадионот во главниот град на Италија е природен дом на националниот тим, и таму Италија ги одигра домашните натпревари на последното ЕП. Но, во првите 20 дена од март, Олимпико ќе биде домаќин на четири настани, вклучително Италија-Шкотска во рагби натпревар, а ризиците настап на Италијаните на оштетен терен се сметаат за неприфатливи.
Тука во опција доаѓа Болоња, а Ренато Дал’Ара нуди гаранција за добро одржан терен. Но, во март времето е променливо па така и Болоња би отпаднала од игра.
Поради тоа Палермо е фаворит бидејќи може да гарантира добри временски услови и ќе донесе публика гладна за врвен фудбал на стадионот.
На овој стадион италијанската репрезентација досега 15 пати бил домаќин на натпреварите на „аѕурите“. На стадионот во Сицилија, Италија има скор од 13 победи, едно реми и еден пораз. Последниот во 2019 година со Ерменија во кој триумфираа со 9:1.