По вчераншните натпревари познати се екипите кои патуваат во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Вкрстуваат победниците на групите со второпласитаните. Со оглед на тоа што европскиот шампион Челзи и супер квалитетниот ПСЖ завршија како втори јасно е дена уште во осминафиналето не очекуваат спектакуларни пресметки.
Има само едно правило кое мора да се испочитува а тоа е дека во оваа фаза нема да можат да вкрстат две екипи од иста земја односно нема да играат еден против друг.
Носители: Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Лил, Јувентус, Манчестер Сити
Неносители: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг Лисабон, Интер, Бенфика, Салзбург, Челзи, Виљареал или Аталанта
Ждрепката за осминафиналната фаза ќе биде в понеделник со почеток од 12:00 часот во Нион, Швајцарија. Дуелот меѓу Виљареал и Аталанта кој беше одложен поради обилни снежни врнежи кој треба да го даде последниот патник ќе се игра денес.