Фудбалерите на Ленс ја запишаа 11. победа во француската Лига 1, откако со пресврт триумфираа против Анже со 2-1 во рамки на 26. коло од првенството.

Анже беше подобар противник на теренот, па стигна до заслужено водство во 49. минута преку Фулгини, но домаќинот доживеа целосен шок од 73. до 76. минута, кога Ленс постигна два гола за пресврт (2-1).

Ленс со новата победа се искачи на шестото место и има 40 бодови, односно шест помалку од второпласираната Ница.

Останати резултати:

Брест – Лориен 0-1
Клермон – Бордо 1-1
Мец – Нант 0-0