Екипата на Атлетико Мадрид извојува многу важна победа во 31.коло од шпанската Примера и триумфира со сигурни 3-1 (2-1) над хитот во овогодинешното првенство Жирона.
Атлетико имаше негатива 0-1 по само четири минути игра, но до крајот на полувремето успеаја да направат целосен пресврт за резултат во своја полза. Артем Довбик беше стрелец за Џирона, а потоа Гризман и Кореа успеаја да погодат по еднаш и „јорганџиите“ на паузата водеа со минимални 2-1.
Вторите 45 минути донесоа подобра игра од избраниците на Диего Симеоне, Атлетико продолжи со силен налет кон гостинскиот гол, што резултира со вториот гол на Антоан Гризман, кој беше прецизен во 50. минута и на крајот се покажа дека воедно ги постави и конечните 3-1 на овој натпревар. Вреди да се напомене и рекордот на Гризман, кој стана првиот играч во историјата на клубот кој постигнал над дваесет голови во шест различни сезони.
Атлетико Мадрид останува на четвртата позиција и се доближи на четири бода до Џирона, која е едно место погоре од „јорганџиите“. Двете екипи имаат одлични шанси за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.