Нема финале за светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ во Монте Карло, Србинот по голема борба загуби од Каспер Руд. Тие одиграа интересен меч со пресврт кој на крајот го доби Норвежанецот со 2-1 во сетови и избори финале во Монте Карло каде ќе игра против Стефанос Циципас.
Руд подобро го почна мечот и го доби првиот сет со 6-4, во вториот Ѓоковиќ го крена нивото, покажа моќ и го освои сетот со убедливи 6-1 израмнувајќи на 1-1.
Новак лошо почна во третиот решавачки сет, Руд зема брејк и поведе со 3-0. Ѓоковиќ го врати брејкот и се врати во мечот израмнувајќи на 4-4. При водство на Норвежанецот од 5-4, Ѓоковиќ лошо тргна на свој сервис со 0-40, успеа да спаси две меч топки, но не и третата, Руд го доби сетот со 6-4 и ја завери победата од 2-1.
Руд во финалето ќе игра против Циципас кој со 2-1 беше подобар од Синер во првото полуфинале денеска.