Поранешната американска тенисерка Ешли Харклорд стигна до 39. место на ВТА-листата, а играше на некоку гренслем-турнири, но потоа реши да го остави рекетот и да се посвети на сајт за возрасни.
Американката повторно е пред камерите, но овојпат во поинаква улога, па така стана прва професионална тенисерка која стигнала на насловната страна на „Плејбој“, а потоа почна да продава слики и видеа на „ОнлиФенс“.
„Горда сум на моето тело и сакам да ја прикажам својата убавина. Има луѓе кои се подготвени да платат до пет долари за една фотографија“, кажа Харклорд.
Исто така, Харклорд наплаќа и по 8,5 долари месечно за претплата на нејзиниот канал на „ОнлиФенс“.