Полскиот напаѓач Роберт Левандовски наскоро треба да ја засили Барселона, а во разговор за „Билд“ кажа дека е свесен за неговата возраст, но смета дека се наоѓа во врвна физичка форма.
Левандовски ќе добие нов предизвик во кариерата и ќе се обиде конечно да ја освои „Златната топка“, а тоа што ќе наполни 34 години следниот месец не го загрижува премногу.
„Знам дека наскоро ќе наполнам 34 години. Тоа не ми пречи, се чувствувам одлично и се наоѓам во врвна форма“, кажа Левандовски.