Според Скај Спорт, Барселона најде замена за Лионел Меси, ако воопшто има таква. Наводно, во прашање е напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, кој наскоро би можел да потпише договор со каталонскиот клуб. Целата зделка го вклучува и Фелипе Кутињо, играч за кој Барселона подолг период бара нов клуб бидејќи не сака да му ја исплаќа високата плата.
По заминувањето на еден од најдобрите фудбалери во историјата, јасно е дека местото на напаѓачот во Барселона остана празно. Отсуството на Серхио Агуеро, кој ќе паузира извесно време поради повреда е причина плус каталонците да се обидат да најдат решение за нападот.
Претходно, Скај Спорт Италија објави дека Барселона го сака Абрахам. Сепак, ништо од тоа не се случи бидејќи поранешниот фудбалер на Челзи кариерата ја продолжи во Рома. Остануваат уште две недели до крајот на преодниот рок, што е сосема доволно време за уште некој бомбастичен трансфер.