Белгискиот голман Тибо Куртоа го продолжи договорот со Реал Мадрид до летото 2026 година.
– Ова ќе биде четврта сезона во клубот од моите соништа. Се надевам дека ќе бидам уште подобар од порано – изјави Куртоа, кој викендов го одигра својот 100 -ти натпревар за мадридскиот клуб против Алавес.
Куртоа пристигна кај „кралевите“ 2018 година, кога го напушти Челзи за 35 милиони евра.