Навивачите на ПСЖ се уште не го преболеле испаѓањето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Откако претходно Нејмар и Меси заработија свирежи, сега низ истото мина и Серхио Рамос .
Навивачите на ПСЖ не кријат што мислат за предвременото испаѓање на нивниот клуб од Лигата на шампионите. Настапот на парижаните во Мадрид против Реал Мадрид беше многу лош и резултираше со испаѓање. Многу брзо ѕвездите на ПСЖ дознаа што мислат навивачите за тоа.
Веднаш по испаѓањето, Нејмар и Меси заработуваа свирежи и неодобрување од трибините при секој контакт со топката во домашната победа против Бордо.
Синоќа ПСЖ му гостуваше на Лориен, а на ред дојде Серхио Рамос. Рамос не играше ниту против Реал, но како и другите ѕвезди на ПСЖ заработи свирежи, кога влегуваше во игра и подоцна во текот на натпреварот.
Рамос се мачи со повреди откако дојде од Реал Мадрид и најмалку е на теренот. Сепак, високиот договор, а малку е направено, е нешто што навивачите не го забораваат.