Димитриевски се поврзува со трансфер во Севиља откако мароканецот Боно си замина од овој клуб.
Во меѓувреме Севиља го донесе Орјан Ниланд, тој и Марко Дмитровиќ ја делат минутажата на голот на тимот од Андалузија, но наводно тие уште го посакуваат нашиот Димитриевски.
Македонецот важи за еден од најдобрите голмани во Ла Лига и фактот што е слободен на лето го прави атрактивен за Севиља, но и за други клубови.
Поради ситуацијата со Димитриевски, Рајо Ваљекано веќе почнал да го бара неговиот наследник.
Се тврди дека желба е 27-годишниот италијански голман Лоренцо Мотипо, моментално член на Верона. Тој би пристигнал во Рајо само ако Столе си замине.
Димитриевски има 29 години и во Рајо Ваљекано е од 2018 година. Претходно, играше за Химнастик, Гранада, Кадиз и Работнички.