Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно блескаше во дресот на Уникс Казан во победата од 81-61 против Самара во 19. коло од ВТБ-лигата.
Самара беше рамноправен ривал само во првите 10 минути (21-25) по кои Димитријевиќ и неговите колеги го засилија темпото и на полувреме заминаа со 48-27. Во вториот дел без мака продолжија да го полнат кошот на противникот и на крајот триумфираа со 81-61.
Димитријевиќ го заврши натпреварот со 19 поени, седум асистенции и пет скокови за Уникс.
Уникс е на втората позиција во лигата со 14 победи и четири порази, додека лидер останува ЦСКА Москва со 16 триумфи и два порази.