Екипата на на поранешниот европски и англиски првак, Челзи никако не може да фати ритам во Премиерлигата. Денес имаше очајна игра против Вулверхемптон па на крајот заврши со пораз (1-2) во 18. коло од првенството.
Фудбалерите на Маурицио Покетино играа добро на почетокот на натпреварот и имаа свои шанси, меѓутоа не ги искористија, а посебно внимание привлече промашувањето на Рахим Стерлинг кој имаше неколку опции, а тој се реши за најлошата.
Вулверхемптон до водство стигна во 51. минута кога Марио Лемина со глава погоди за 1-0, а потоа Мет Доерти во третата минута од судиското надополнување зголеми на 2-0, по што Кристофер Нкунку го постигна својот деби гол за Челзи конечните 2-1.
Челси и Вулверхемптон во моментов се на делба на 10. позиција во лигата со по 22 бодови.