Фудбалерите на Челзи во натпревар од 18. коло од Премиер лигата му гостува на Вулверхемптон на „Молинеу“.
Средбата во првиот дел го понуди едно од промашувањата на сезоната, а главен актер е напаѓачот на Челзи, Рахим Стерлинг. Англискиот крилен фудбалер пресече една топка и заедно со Кол Палмер и Николас Џексон се залета кон противничкиот гол.
Сепак, наместо да додаде до двајцата негови осамени соиграчи, Стерлинг реши сам да шутира но голманот Хозе Са го одбрани неговиот удар. Со тоа тој се најде на мета на критики од навивачите.