Лука Модриќ ќе мора да паузира кратко поради повредата со која се здоби на репрезентативната акција…
Освен што Марсело Брозовиќ со повреда се врати во Интер и нема да биде на теренот, со повреда се врати и Лука Модриќ кој десет дена ќе биде надвор од терените.
Карло Анчелоти нема да може да смета на Модриќ на натпреварите против Осасуна и Шахтјор додека под прашалник е и за настапот против Хетафе за десет дена.
Најважно за Реал е Модриќ да се опорави навреме за Ел Класико кое е закажано за две и пол недели.
Првите проценки велат дека повредата не треба да е проблем, се работи за минорен проблем со мускулот кој треба да се санира во следните десет дена.
Во текот на репрезентативната акција Модриќ одлично се претстави на двата меча против Данска и Австрија.