Полскиотрепрезентативец, големата гол машина, Роберт Левандовски уште еднаш вети дека ќе даде се од себе за да постигне успех со Барселона. Вечерва Полјакот беше официјално претставен, а церемонијата се одржа на шеталиштето веднаш до плажата Форт Лодердејл во близина на Мајами.
„Како напаѓач сакам да постигнувам голови и да му помогнам на тимот. Во фудбалот секогаш треба да бидеш гладен за голови и јас сум таков. Секогаш сакам да постигнувам гол и да победувам. Сега во Барса сакам да пишувам историја“, изјави Левандовски.