Бразилецот за речиси една секунда го подобри досегашното најдобро време на Кевин Јанг (47,18), кое опстојува уште од далечната 1993 година. Дос Сантос освен со својата фантастична брзина е познат и поради тажната приказна од најраното детство, поради која личи многу повозрасно.
Тој е роден во 2000 година, а кога имал само десет месеци се изгорел со врело масло во кое се пржела риба. Прашање било дали воопшто ќе преживее со оглед на изгорениците од трет степен, но по неколку месеци минати во болница бебето се вратило дома, но со лузни на главата и по целото тело. За Дос Сантос ова е втор голем успех, по среброто освоено лани на ЛОИ во Токио.