Хрватска е хит на Мундијалот во Катар, исто како и пред четири години во Русија кога стигна до финалето, а последна пречка на патот кон повторување на овој успех е селекцијата на Аргентина.
Еден од најдобрите меѓу „коцкестите“, Лука Модриќ, во едно од многуте интервјуа деновиве ја откри тајната на успехот на својата репрезентација.
„Може да кажете дека имаме иста ДНК како Реал Мадрид, зашто секогаш играме до крај и никогаш не се откажуваме. Сакам да играм против големи тимови, не против голем играч како што дефинитивно е Лионел Меси. Тој е великан, најдобар фудбалер на Аргентина и ќе имаме потешкотии да го сопреме, ама ние сме подготвени да го дадеме најдоброто од себе. Се надевам дека тоа ќе биде доволно за место во финалето“, изјави Модриќ.
Аргентина и Хрватска ќе го одиграат полуфиналето утре со почеток од 20 часот, додека задутре ќе се сретнат селекциите на Франција и Мароко, во истиот термин.