Шпанскиот весник „Марка“ во пресрет на утрешното полуфинале помеѓу Хрватска и Аргентина пишува и за неговата проблематична страна, како и за изненадувањата кои им ги има направено на соиграчите. Најмногу се потенцираат неговите тетоважи, а текстот почнува со изјавата на Иван Перишиќ: „Си се надминал самиот себе си“ кога му ја покажал тетовираната бомба на вратот.
Шпанците го споменуваат одземањето на возачката дозвола, повикувањето на полицијата додека лежел во болница со напомена дека ги „загубил нервите“, како и фактот дека се нашол во средина на една од брачните кавги на Мауро Икарди и Ванда Нара, за што морал да сведочи и на суд.
Целиот текст на „Марка“ пренесен од хрватскиот портал „Индекс“ може да го прочитате ТУКА.