Италијанскиот првак Милан после три победи по ред, претрпе пораз во Фиренца со 1-2 од Фиорентина. „Росонерите“ изгледа повеќе размислуваа за гостувањето кај Тотенхем во Лондон за реванш осминафиналето во ЛШ во среда.

Милан остана на 47 бода, еден зад вториот Лацио, а со исто бодовно салдо со Интер кој има меч помалку, додека три пред Рома која ја чека дерби со Јувентус во трката за пласман во ЛШ.

Нико Гонзалез со гол во 49 мин. (голот може да го видите ТУКА) и Лука Јовиќ со голот три минути пред крајот (голот ТУКА) на Фиорентина ѝ донесоа триумф. Со оваа победа „виолетовите“ ја прекинаа лошата серија без триумф и стигнаа до 31 бод на 12-та позиција, во сигурна зона со 14 бода над зоната за испаѓање.

Во последната петта минута од судиското надополнување, Тео Ернандез постигна маестрален, но само почесен гол за Милан (голот ТУКА).