Најдобриот тим во источната конференција на НБА лигата, Милвоки бакс, претрпе болен пораз на свој терен од Филаделфија. Со тоа ја прекина низата на Елените од 16 победи едноподруго. Иако имаа 14 поени предност после три четвртини игра, Милвоки Бакс не успеа да ја победи Филаделфија, која направи пресврт во финишот и триумфира со 133-130.
Џејмс Харден со 38 и Џоел Ембид со 31 поен, беа креатори на победата на 76-ките. Од 12-те погодени шутеви од поле на Филаделфија во последната четвртина, Харден во девет учествуваше со свој поен или асистенција. Од 1965 година наваму се немаше случено двајца соиграчи од Филаделфија на ист меч да имаат барем 30 поени и 10 асистенции, а Харден и Ембид успеаја.
За Милвоки ова е прв пораз од 21-ви јануари наваму.
Ова се клучните тројки на Харден и Ембид кои го донесоа пресвртот во Милвоки: