На фудбалскиот натпревар меѓу младинските репрезентации на Јордан и Таџикистан беше доделен црвен картон по само пет секунди, откако Бакер Камал Калбунех направи неверојатно грозен и страшен прекршок.
На самиот почеток на натпреварот, напаѓачот на Јордан се обиде да ја освои топката, но тоа го направи на ужасен начин со високо крената нога во главата на противникот па можеше сериозно да го повреди дефанзивецот Мехрубон Каримов.