Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ имаше надеж дека ќе настапи на турнирите во САД, но неговата молба за специјална дозвола за влез беше одбиена поради што не е вакциниран.
Ѓоковиќ најверојатно нема да настапи на Индијан Велс и во Мајами, а тоа предизвика огромен гнев кај голем број Американци.
„Не грижете се. 11 мај се смета за доволно безбеден за да влезе во САД. Дотогаш е опасно. Не се сомневајте во науката, нашата влада беше во право од самиот почеток на пандемијата“, напиша Џон Иснер.
Претходно пристигна реакција и од Марди Фиш, кој му се извини на Ѓоковиќ во име на САД.
https://twitter.com/JohnIsner/status/1632212050859491333?s=20
https://twitter.com/DrEliDavid/status/1632109633828532225?s=20