На натпреварот од од американската МЛС помеѓу Остин и Сент Луис во 78.минута резултатот беше 2:1 за домаќинот. И тогаш домашниот фудбалер, Кип Келер прво тргна напред, па се врати и почна да ја води топката кон својот гол притоа елегантно му ја додаде на гостинскиот играч Џеред Страуд. Топката беше наменета за домашниот голман, но таа заврши кај противничкиот фудбалер кој со силен удар ја затресе мрежата за изедначување 2:2.
Сите на стадионот беа шокирани од глупавиот потег на Келер. Ама несреќата да биде уште поголема, до крајот на натпреварот Сент Луис постиѓна уште еден гол за победа од 2:3.
Погледнете го видеото како е постигнат овој бизарен гол!