Гостите постигнаа два гола во првото полувреме преку Фавр и Дембеле, по што Лориен преку Мофи ја врати надежта дека може да освои барем бод.
Сепак, тоа ги налути гостите кои не сакаа да ризикуваат, па со уште два гола во мрежата на Лориен го потврдија триумфот, а стрелци беа Токо Екамби и Фавр.
Лион има 41 бод на шестата позиција, односно пет помалку од место кое води во ЛШ.