Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, ќе биде стартер во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Салцбург. Ова го откри тренерот на баварскиот тим, Џулијан Нагелсман.

Голманот пред околу еден месец го оперираше  коленото, а во петокот се приклучи на тренинзите со соиграчите.

„Ако не се случи нешто непредвидено, Нојер ќе биде стартер“, изјави Нагелсман за „Скај Германија“.
Баерн Минхен утревечер го пречекува Салцбург на „Алијанц арена“, а првиот натпревар заврши 1-1.