Полскиот голгетер Роберт Левандовски продолжува да го притиска Баерн Минхен да го продаде ова лето, а во меѓувреме добил нова понуда.
Според последните информации, Челзи би сакал да го доведе во своите редови, Томас Тухел би бил среќен да го има во тимот, но за да се случи тоа новата управа ќе мора да го реши статусот на Ромелу Лукаку.
Англиските медиуми пишуваат дека Челзи ќе има тешка задача, бидејќи полскиот напаѓач има вербален договор со Барселона, поради кој веќе го одби ПСЖ.
Левандовски веќе зборувал со Чави, и му се допаѓа идејата да биде дел од новиот проект на каталонскиот гигант.
Сепак Челзи нема да се откаже така лесно, ќе се обиде да го убеди, а истовремено за брзо време да се ослободи од Лукаку.