Џака е долги години член на швајцарската фудбалска репрезентација и беше дел од сите големи успеси на националниот тим во изминатата деценија, па поради тоа доби заслуга да ја носи дури и капитенската лента.
Швајцарија имаше водство од 1:2 длабоко во судиското продолжение, но тогаш Муричи израмни на 2:2 и донесе голема радост на трибините во Приштина.
На видеото може да се забележи како Гранит Џака се откажува од чување на противничките играчи и е само гледач плус надвор од шеснаесетникот, а овој негов „професионален“ однос наиде на жестоки критики во Швајцарија, но и во соседна Србија каде од поодамна имаат добри причини да не го сакаат играчот за врска.