Голобрадото 16-годишно момче доби повик од селекторот Де ла Фуенте и за најсилната селекција на Шпанија, а вчера беше стартер и играше како на електричен погон по десната страна.
Јамал немаше милост за дефанзивците на Кипар кои играа по левата страна, бидејќи покрај тоа што беше блиску до еврогол, ги стана на нозе сите присутни во Гранада и со еден неверојатен дриблинг.
Големиот талент на Барселона беше навистина опасен во првото полувреме и рамката од голот спречи да видиме спектакуларен погодок, но според УЕФА, во продолжение го изведе и дриблингот на вечерта.
Иако има само 16 години, Јамал игра без нималку страв против поискусните ривали, па вчера дел од играчите на Кипар не знаеја каде е топката.
https://x.com/EURO2024/status/1701718579039567879?s=20