Додека дел од најпознатите репрезентации од Европа играа квалификации за континенталниот турнир кој се игра наредната година во Германија, имаше и такви кои тестираа поради тоа што беа слободни во ова коло, а таков беше случајот со Шкотска и Англија.
Белингам учествуваше во акциите за трите гола, успеа да постигне еден погодок и директно да асистира за оној за 3:1 кој го постигна Кејн, па со тоа направи сеирот за Хари Мегваер да биде доста поблаг.
Малерозниот дефанзивец на Јунајтед не може да се соземе дури и во ситуација кога игра за Англија, бидејќи вчера си постигна несреќен автогол и ја врати Шкотска за момент во игра.
Видеата од головите може да ги видите ТУКА.