Селекцијата на Германија славеше во Скопје со 4:0 против Македонија, па стана првата селекција од Европа која успea на две кола до крајот од квалификациите да обезбеди пласман на СП во Катар, кое се игра следната година.

Но, угледниот германски весник Билд објави видео од соблекувалната на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, или она што зад себе го оставиле германските фудбалери.