Македонија заслужено победи во мечот во кој можеше и поубедливо, зашто избраниците на Драги Канатларовски – Цапар имаа уште низа добри шанси, упатија осум директни удари во голот, но домашниот голман Арман Нарсесјан не дозволи многу порано приказната за победникот да биде завршена и да не се чека завршницата за да се завери победата.
Ѓорѓиевски во првиот дел имаше уште една извонредна шанса која домашниот голман му ја одбрани (35-та минута), па во 59-та во контранападот биеше од 16 метри и повторно Нарсесјан одбрани, а Анел Рустемовски имаше уште две изгледни шанси, првата од волеј над голот во 37-та, а потоа ерменскиот чувар на мрежата му одбрани во 77-та минута од мечот.
Во самата завршницата, Максимов направи голем кикс во шеснаесетникот, за Нарек Григорјан да погоди во нашата мрежа, па Ерменците во шесте судиски минути добија можност да се обидат да извадат бод, притиснаа, но за среќа успеавме да се одбраниме и да триумфираме.
Македонија со победата сега дојде до пет бода, после двете ремија со Фарски острови (1-1) на гости и со Србија (0-0) дома, како и единствениот пораз од првиот фаворит Франција (0-3). Со триумфот, Ерменија сега е последна со три, а на кое место ќе биде Македонија после ова коло ќе биде познато после завршување на останатите два меча во кои Украина игра со Фарските Острови, а дербито е помеѓу Србија и Франција.