Фудбалерите на Рома се наоѓаат во одлична форма и тоа го докажаа на натпреварот против Калјари (4-0) со што ја остварија третата победа по ред во италијанското првенство.
Рома постигна по два гола во двете полувремиња, и тоа најпрво стрелци беа Пелегрини и Дибала, по што Аргентинецот се запиша во листата на стрелци и во 51. минута, а конечната победа ја запечати Хујсен.
Екипата од Рим се наоѓа на петтата позиција со 38 бодови, додека Калјари остана на 18. место со 18 бода.