Екипата на Рајо Велјекано одигра многу лошо, се наоѓа во ужасна форма, па загуби од Севилја на домашен терен со 1-2 и го забележа третиот пораз во последните четири меча.
Мароканецот Ен Несири во 19. минута по првпат на дуелот ја затресе мрежата на Димитриевски, а неизвесноста ја врати Палазон само 10 минути подоцна кога израмни на 1-1.
Гостите повторно погодија преку Ен Несири во 45. минута и на полувреме заминаа со водство од 2-1, кое го зачуваа до крајот на мечот.
Севилја со оваа победа стигна до 15. место и има 20 бодови, додека Рајо Валјекано остана на 13. место со 24 бода.