Фудбалерите на Фенербахче како гости го победија Трабзонспор (3-2), благодарение на голот на мароканецот Софијан Амрабат во 102. минута, со што ја намалија предноста на вечниот ривал Галатасарај, кој сега е лидер со пет бодови повеќе од нив.

Покрај резултатската важност, овој натпревар имаше посебно значење и за навивачите и играчите на Фенер, кои неодамна на истото гостување беа нападнати од навивачите на Трабзон, принудувајќи ги да се борат за да си ги спасат животите. Составот од Истанбул со овој триумф, успеа да се „одмазди“ за тој инцидент.

По завршувањето на мечот, тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, влезе на теренот со намера да ја прослави победата со славеничко лизгање по тревата. Сепак, отсуството на играчко искуство донесе комична ситуација – Португалецот изгуби рамнотежа и се преврте на теренот делувајќи дека целосно се искршил. Заедно со него, играчите го завршија славењето со таканаречена „пирамида на радост“ во чест на освоените три важни бодови.